Живот и Стил

Дали трудниците смеат да се капат во море или базен?

Дали трудниците смеат да се капат во море или базен?

Иако пливањето се препорачува како идеална активност за трудниците, честопати се поставува прашањето за потенцијалните опасности кои се закануваат од базенот и морската вода.

Штетноста на УВ зраците, можноста за изгореници и дехидратацијата се причина секоја идна мајка летото да го поминува во ладовина, особено во периодот од 10 до 17 часот. Пливањето во чисто море е дозволено доколку бременоста е уредна.

Тоа е исклучително здрава и корисна активност која се препорачува независно од тоа во кој стадиум сте од бременоста. Меѓутоа, трудниците би требало да внимаваат на тоа морето да не биде преладно за да не доживеат температурен шок. Освен тоа, треба да внимаваат да носат удобна облека за случајно да не се лизнат на мократа подлога.

Кога станува збор за базенот, треба да се биде многу внимателен бидејќи во него се капат голем број на луѓе, па затоа сомнителна е неговата чистота и би можело да дојде до инфекции. Идеални се оние во кои водата е беспрекорно чиста и не ја користат голем број на капачи.

To top