Мира Шкориќ водеше тешка битка со опасната болест, а сега одлучи да прозбори низ што поминала.
„Не сакам да размислувам за себе кога сум болна личност, едноставно одам понатаму, живеам и пеам искрено, вели пејчката.
Мира четири пати беше оперирана од канцер и ќе им се придружи на луѓето кои ќе ти тужат челнките на НАТО кои во 1999 година ја бомбардираа Србија.
„Секако дека треба да се тужи. И не само да ги тужиме туку за уши да ги влечеме кај нас во болница на онкологија каде што легаат деца. Тоа е страшно. Вие не знаете колку тие деца се убави и паметни, вели пејачката која пред концертот примаше витаминска терапија.
„Јас сум борец. Не сакам да ме сожалуваат и да зборувам за таа болест како одредни јавни личности. Меѓутоа, морам да признам дека ме болеа насловите во медиумите дека сум се повлекла и не сум сакала да пејам. Јас сум пример за личност која не се грижи за здравјето. Кај докторот дојдов предоцна. Кога и да се сетам, не ми е добро, вели Мира и додава:
„Точно е дека ме оперираа четири пати. За тоа никогаш не зборував, но сега се одлучив да проговорам за да ја разбудам свеста кај другите луѓе да не ја повторат мојата грешка.
фото: Г.Ј/телеграф