Живот и Стил

Фудбалски судија стана жена, а сега се подготвува да облече и венчаница (фото)

Фудбалски судија стана жена, а сега се подготвува да облече и венчаница (фото)

Луси Кларк (46) пред неколку дена влезе во историјата кога како судија за прв пат излезе на фудбалскиот терен откако обелодени дека ќе направи промена на полот.

Верната сопруга на трансродовиот фудбалски судија, ја бодреше Луси на натпреварот помеѓу женските репрезентации на клубовите “Парквуд ренџерс” и “Квинс парк ренџерс”.

“Нашиот брак после сè може само да зајакне”, изјавила Аврил и додаде дека тие две ќе ги обноват брачните заклетви, но дека овој пат и двете ќе носат венчаница. Луси и Аврил биле 6 месеци во врска кога Луси ѝ ја кажа вистината.

“Секогаш ќе ѝ бидам благодарна што ми го кажа тоа на почетокот на нашата врска”, вели Аврил за “Mirror”.

“Во прв момент тоа беше шок за мене, но кога некој толку многу сакаш, тогаш тие работи не се важни. За мене тоа признавање беше големо олеснување. Кога се разбудив следното утро, бев многу вознемирена, стравував дека Аврил ќе го промени мислењето”, вели Луси откривајќи дека Аврил била смирена.

Една недела подоцна, Аврил за прв пат ја виде Луси во фустан, а кога за прв пат двете излегле како жени, Луси била пресреќна.

“Поминуваше низ фаза во која кажуваше дека таа е маж. Ќе дојдев дома и ќе здогледав дека ги запалила своите работи. Но, знаев дека не си замина засекогаш. Се појавуваа ситници, некое ланче, лак за нокти, нова облека”, вели Аврил.

Janine Yaqoob@JanineYaqoob

Lucy Clark became the world’s first transgender football referee yesterday. Read wife Avril’s thoughts on Lucy making history and why their relationship will only get stronger in today’s @DailyMirror https://www.mirror.co.uk/sport/football/news/wife-footballs-first-ever-transgender-13107166 

Wife of transgender ref Lucy Clark to renew vows – both wearing wedding dresses

EXCLUSIVE: Lucy, 46, made history taking to the pitch today – as her loyal wife Avril cheered her on in North West London for the QPR Ladies vs Parkwood Rangers match

mirror.co.uk

Луси вели дека благодарејќи на Аврил стекнала храброст да биде тоа што е денес.

“Ми се допаѓаше кога беше маж, но ми се допаѓа и како жена. Ако некој навистина сакаш, надворешноста не е важна”, вели Аврил.

извор:точка.мк

To top