Македонската водителка Милена Антовска пред една година се оствари во улога на мајка и на свет ја донесе својата ќерка Лана Марија.
Оттогаш, Милена се повлече од медиумите за да го посвети своето време на мајчинството и да ужива во среќните мигови.
„Лана Марија за мене е најслаткото, најубавото и најмило бебенце. Не е спанка. Преку ден речиси и да не спие, пргава е, ама лесно можеш да ја анимираш. Сега е во фаза кога сè ја интересира и разгледува наоколу“, изјави Милена во едно интервју.
Деновиве, Милена заедно со ќерката и сопругот Гордан ужива на одмор, а Лана Марија наполни една година.
Водителката на Инстаграм се пофали со фотографија од славеничката.
„Една година нова димензија на животот…Да си жива и здрава љубов моја и уште многу години да не радуваш“, напиша Милена покрај објавата, а честитки пристигнаа од сите страни.



Инаку, Милена пред неколку месеци се врати на својата работа, но за септември најави нови проекти и дека гледачите ќе може да ја гледат во ново издание.
фото: Инстаграм