Живот и Стил

Зошто треба да им кажете „НЕ“ на апостолките?

Зошто треба да им кажете „НЕ“ на апостолките?

Апостолките се најпопуларните летни обувки. Многумина ги обожуваат поради тоа што се едноставни, лесни и ногата е слободна.

Но, токму она што сметате дека е добро кај овие влечки е она што ги прави лоши по вашето здравје.

Во продолжение прочитајте ги причините поради кои треба да им кажете „не“ на апостолките, не само летово, туку засекогаш!

Предизвикуваат болка

Кога носите апостолки, стапалото е на рамна, но неадекватна и нестабилна подлога. Тоа е причината поради која се создава напнатост во мускулот, па побргу се заморуваме и одиме подгрбавено. Исто така, поради неубавата положба на стапалата и нозете генерално, се јавува и болка во грбот, колената, па дури и во колковите. Апостолките немаат никакви перничиња или подлога која го ублажува ударот на стапалото до земјата при чекорењето, а тоа може да предизвика и проблем со зглобовите, нивно извртување или болка.

Ги уништуваат и петите и прстите

Чекорењето во апостолки создава оптоварување особено на делот на петата. Гумата, или пластиката од која најчесто се изработуваат овие обвивки, не ја ублажуваат јачината на оптоварувањето, туку напротив, ја зголемуваат. Исто така, кога носите апостолки, прстите се грчат повеќе од вообичаено кога чекорите, а петата се крева повеќе. Самиот дизајн на обувките го диктира тој начин на чекорење, за да успеете да ги задржите на нозете. Токму тоа може да доведе до воспаление на сврзното ткиво, но воедно и воспаление и болка во петите и поголема замореност на нозете.

Опасност од постојана изложеност на сонце

Една од најопасните закани при носењето апостолки е ризикот од малигнен меланом, односно тумор на пигментните ќелии на кожата. Постојаната изложеност на стапалата на сонце, може да доведе до разни оштетувања на кожата, кои можат за жал да преминат и во нешто најсериозно. Овој тип на заболување е опасен, бидејќи има скриени симптоми, односно може да се јави во форми на флеки помеѓу прстите на пример. Затоа, никогаш не заборавајте ги стапалата и задолжително нанесете крема со заштитен фактор и на овој дел од телото.

Опасност од инфекции

Универзитетот во Мајами во 2010 година направи бактериолошки испитувања на апостолки, а резултатот покажал дека на предниот дел на апостолките што оди помеѓу палецот и прстот до него, се наоѓаат бројни бактерии, фекални материи и микроби кои предизвикуваат инфекции, осип, стафилокока… Ако веќе имате некаква рана или оштетување на кожата, тогаш носењето апостолки може да бидеисклучително опасно и несоодветно.

Создаваат плускавци

Плускавци помеѓу прстите се честа последица од носењето апостолки, а не е ни чудо бидејќи сета тежина е пренесена напред. Освен што се болни, плускавците се и естетски непријатни, а од нив потоа може да се развијат и инфекции доколку не се третираат соодветно.

Несмасност и забавен чекор

Студиите во Мајами покажале и дека луѓето што носат апостолки прават помали чекори, со тоа чекорат побавно во вообичаено. Конструкцијата на апостолките е таква што не овозможува голема стабилност на ногата, па ако чекорите на пример по нерамнини, големи се шансите дека ќе ја загубите рамнотежата и ќе паднете или лошо ќе се удрите.

Токсични материјали

Кога можеби би биле изработени од поквалитетни материјали, опасностите би биле за нијанса помали. Избегнувајте купување од непроверени извори на производство или од сомнителни, бидејќи обувките направени од токсични материјали можат да предизвикаат алергии на нозете и други типови оштетувања. Затоа, следниот пат кога ќе посегнете по евтин пар апостолки, размислете дали тие ќе бидат ваш избор за летна обувка.

 

To top