Промотер

Тони Андреев го промовираше првенчето „До мене, а толку далечна“ (видео)

Тони Андреев го промовираше првенчето „До мене, а толку далечна“ (видео)

Младиот Тони Андреев, кој веќе и е одлично познат на публиката по своите настапи низ клубовите во нашата земја и учеството во македонското музичко шоу „Сите наши песни“, на неговиот официјален канал на „Yоutube“  го промовираше своето првенче „До мене, а толку далечна“.

За песната беше изработен и спот кој е дело на Алек Тасевски од „Либеро бенд“.

Музиката на песната е комплетно на Андреев, додека за текстот соработувал со Кристина Цонева, а за аранжманот со Драган Ристовски.

-Со својата певливост и едноставност, верувам дека песната ќе ги освои и оние најпребирливите. Заедно со тимот вложивме премногу енергија да и подариме на публиката убава модерна песна, која ќе остане да се слуша. Оваа песна е нова страница во работата која најмногу ја сакам, музиката. Со нетрпение ги очекувам првите коментари после интернет промоцијата, вели Тони.

Песната е во модерен поп ритам и истата е само најава за набиена агенда оваа есен на овој млад пејач.

To top