Живот и Стил

Како да ја изберете совршената пудра за вашето лице?

Како да ја изберете совршената пудра за вашето лице?

Течната пудра е козметички производ за инстантно разубавување на кожата на лицето. Благодарение на обоеноста, таа ги прикрива несовршеностите по кожата за совршен финиш. Секоја жена копнее по кожа мека како кадифе и мазна како свила, а течната пудра е најважниот чекор до постигнувањето на беспрекорна кожа на лицето.

Задачата на пудрата е да го изедначи тенот, да ја измазни текстурата на кожата и да ви овозможи лесна камуфлажа на недостатоците, но таа не треба да ви служи за да го добиете тенот што посакувате. Ќе се согласите дека изгледа многу непријатно кога некоја жена ставила 100 слоја пудра или пак ја промашила нијансата и изгледа како да носи маска на лице.

Погледнете како да ја изберете совршената пудра за вашето лице:

https://www.youtube.com/watch?v=IPLxzDeMXRw

To top