Живот и Стил

ХОРОР кој сама го признала: Забетонирала четири свои новородени бебиња

ХОРОР кој сама го признала: Забетонирала четири свои новородени бебиња

Страшна приказна на четирикратно чедоморство доаѓа од Јапонија.

Мајуми Саито (53) призна дека пред 20 години ги убила своите четири новородени деца.

 

Како што рече, децата ги фрлала во канти со бетон. На шокираните полицајци им признала дека сето време поради тоа ја гризело совест, и дека на крајот решила да го признае ужасното злосторство.

Таа кантите со труповите ги држела во станот, каде полицајците ги пронајдоа остатоците од телата. Според наводите на полицијата, Саито бебињата ги ставала во бетон во периодот меѓу 1992 и 1997 година, зошто била сиромашна и не можела да ги издржува.

Иако Јапонија е трета економска сила во светот и важи како економски силна и напредна држава, се уште се бори со сиромаштијата која е голем проблем за таа држава, посебно за жените.

Чедоморката изјави во полиција дека немала кому да му се обрати за помош. Во Јапонија нема поддршка од општеството кога е во прашање подигнувањето на децата, како што се пониски цени во детските градинки кои би им овозможиле на жените да работат додека имаат мали деца.

извор:сител.мк

To top