Ликот на Хомер Симпсон не се изменил многу изминативе 29 години и неговите фанови се задоволни и среќни поради тоа.
Но, додека Хомер на некој интересен начин е симпатичен, ова сигурно нема да ви се допадне.
Уметникот Мигел Васкез го нацртал Хомер како вистински, жив лик и со тоа преплаши многумина.
Човекот кој би бил Хомер во вистинскиот живот има, како и ликот, големи очи, широка уста, а на главата му се наоѓаат ситни уши и малку коса.