Аспирин како еден од најчесто користените лекови не само што ги ублажува разните видови на болка, туку има и други помалку познати употреби во домаќинството.
- Ја намалува појавата на перут
Поради салицилната киселина што ја содржи, која е состојка на многу шампони против првут, аспирин може да помогне во борбата против овие здодевни појави. Издробете два или три аспирини и мешајте ги во вообичаената количина на шампони што ја користите за вашата коса. Добро измасирајте го теметосо оваа смеса кога се бањате, оставете да делува три до пет минути, а потоа исплакнете темелно.
- Ја смирува болката од убоди и каснувања
Благодарение на неговиот анти-воспалителен ефект, аспиринот може да го намали црвенилото, отокот и болката од каснување од инсекти. Потопете ја таблетата аспирин во вода и потоа ставете ја на гризнатата површина неколку минути.
- Отстранете ги дамките
За да ги отстраните дамките од пот, се мешаат во сад три издробени таблети аспирин и половина чаша топла вода. Потопете го валканиот дел од маичката во смесата и оставете го да делува најмалку два часа. После тоа, како и обично, исперете ја маицата. Со иста мешавина можете да отстраните флеки од никотин на вашите раце. Нанесете ја смесата на флеките, оставете ја да делува 15 минути, а потоа темелно измијте ги рацете.
- Го поттикнува растот на растенијата
Аспиринот е исто така корисен за сите видови растенија, без разлика дали се затворени или отворени, бидејќи ги прави поотпорни и го подобрува нивниот раст. Растворете еден аспирин во три и пол литри вода и полејте ги растенијата. Ако сакате да го продолжите животот на свежо цвеќе во вашата вазна или да спречите појава на габички и мувла, ставете една таблета аспирин во водата.