Радио Милева

Голема разлика кај Сузана: Без шминка и филтери – Калиопи и Турунџиева со предизвик до колешките! (фото)

Голема разлика кај Сузана: Без шминка и филтери – Калиопи и Турунџиева со предизвик до колешките! (фото)

Шминката е секојдневната рутина во светот на жените, а во денешно време иако природниот изглед е во мода, се потешко може да видиме девојки и жени кои го претпочитаат ова.

Негуваната и убава жена не значи онаа која постојано има и преку ден и преку ноќ тешка шминка, туку онаа која со минимална корекција ќе знае да го нагласи најубавото на себе.

Сепак, меѓу познатите Македонки ги има и од овие и од оние, а низ времето наназад сме имале можност да видиме неколку без и со шминка.

Овој пат Калиопи и Сузана Турунџиева на социјалните мрежи го покажаа своето „вистинско“ лице.

Калиопи напиша дека на фотографијата нема никаква шминка и филтери, додека пак Турунџиева под сончевиот зрак на плажа покажа како изгледа без грам шминка на себе.

Дали алудираа на предизвик и колку од колешките ќе прифатат, останува да видиме…

фото:инстаграм/фејсбук

To top