Луѓето се навистина чудни! Пред само неколку недели можеа за бебе да кажат дека не е убаво, а пак сега го прогласија за најубавото на свет.
Најмалата сестра од семејството Кардашијан, продолжува да објавува интимни фотографии на социјалните мрежи, од нејзината ќерка Тру.
Имено, Клои Кардашијан на својот Инстаграм профил објави фотографија од својата 3-месечна ќерка, која ги разнежни сите свои обожаватели.
Најголемо внимание привлекуваат преубавите очи на малата Тру, кое не ги остави рамнодушни фановите на нејзината мајка:
„Погледни ги тие очи!“, „Не престанувај да ја покажуваш својата преубава ќерка. Таа е кукла!“, „ Колку преубаво бебе! И тие очи! Прекрасно!“