Додека младите им се радуваат на летото, на сончањето и на капењето, постарите главно се плашат од зголемените температури. Затоа повеќето од старите лица бараат алтернативно место за престој, каде што нема да ги измачуваат влагата и високите температури.
Постарите лица се повеќе изложени на проблеми со срцето и со зголемен крвен притисок од помладите. Всушност овие тешкотии го покажуваат своето вистинско лице кога сонцето ќе запече со сета своја сила.
Телото има зголемена потреба од крв на својата периферија за да може да се излади, поради што работата на срцето се засилува, што понатаму доведува до зголемување на волуменот, силата и работа на срцето. Кај здравите лица оваа состојба предизвикува непријатност, додека пак кај срцевите болни може да се јават сериозни проблеми, особено ако овие лица се занимаваат со некоја телесна активност, па макар и пешачење.
ОДРЖУВАЊЕ РАМНОТЕЖА
Во регулирањето на нашата телесна температура учествуваат два система. Во нормални услови за тоа е задолжен центарот за терморегулација, сместен во делот на мозокот што се нарекува хипоталамус. Додека, пак во моменти на криза, на пример при инфекции, зголемена телесна активност, екстремни надворешни температури целиот товар паѓа на сметка на срцевосадовниот систем. При тоа и храната и течностите имаат важна улога во одржувањето на рамнотежата помеѓу нашата телесна температура и онаа однадвор. За да се одржи таа рамнотежа мора да се земаат содветни количества калории и течност, т.е. внесувањето мора да биде еднакво со потрошеното количество. До 20 Целзиусови степени не се јавуваат никакви проблеми. Но кога температурата на воздухот ќе се искачи над 25 степени се јавуваат проблеми. Телото има зголемена потреба од крв на својата периферија за да може да се излади, поради што работата на срцето се засилува, што понатаму доведува до зголемување на волуменот, силата и работа на срцето. Кај здравите лица оваа состојба предизвикува непријатност, додека пак кај срцевите болни може да се јават сериозни проблеми, ососбено ако при тоа овие лица се занимаваат со некоја телесна активност, па макар тоа да е и пешачење.
ПОВЕЌЕ ТЕЧНОСТИ
Затоа, на постарите лица, а пред се на оние кои страдаат од зголемен крвен притисок и срцеви тегоби им се препорачува во текот на летните месеци да одбегнуваат прошетки по градот во текот на денот. За време на летната жега препорачливо е да престојуваат во климатизирани простории или доколку е можно да одат во шумски предели и да одбегнуваат телесен напор.
Долготрајните периоди со зголемени температури, особено ако се проследени и со зголемена влажност на водухот се многу опасни и можат да го преморат организмот и да предизвикаат „краток спој“, всушност како што се зголемува надворешната температура така телото се труди да ја задржи нормалната температура. Тоа и успева до одредена граница а потоа механизмот на разладување станува несоодветен, во такви случаи срцевосадовниот систем, повеќе не може да работи правилно што доведува до исцрпување на организмот. Но тоа е веќе крајна состојба со која нема шега, бидејќи може да заврши со топлотен удар, делириум,
кома, па дури и со смрт. Топлинска исцрпеност претставува шок за целиот организам, тоа се случува кога телото троши повеќе течност отоколу што внесува. Недостатоткот од течности во организмот доведува до стеснување на крвните садови особено во рацете и нозете.
Знаци за топлинска исцрпеност се: поинтензивно потење, бледило на кожата, забрзано дишење и пулс, малку и благо покачена телесна температура, намалено количество урина, вртоглавица, слабост, мачнина, повраќање, чувство на страв и депресивност.
КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ТОПЛИНСКАТА ИСЦРПЕНОСТ
Со навремено земање на доволно течност се надоместуваат загубените количества, и така се решава мала топлинска исцрпеност. Треба да се пие со мали голтки, бидејќи доколку течноста се испие многу бргу тоа може да предизвика мачнина и повраќање. За конечно закрепнување потребно е и одмор во ладовина или пак уште подобро во климатизирана просторија.
Доколу станува збор за умерена и сериозна дехидрација секако дека е потребна лекарска помош затоа што овие состојби се лекуваат во болница и со давање течност интравенозно.
Извор: Срце.ком.мк