Една од познатите српски двојки копи привлекуваат внимание се сигурно Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ.
Иако се пишуваше дека раскинале, а Рада паднала во депресија, она што Харис го одговори за српскиот портал Пинк.рс, кажува спротивно.
Младиот пејач не крие дека е заљубен во својата девојка и дека би се оженил со неа доколку му роди дете, но смета дека се уште е рано да мисли за тоа.
-Сакам да се оженам со неа, но не знам кога… Би сакал да се оженам со Рада бидејќи е вистинската девојка, вели пејачот, а потоа додава што би се случило доколку забремени:
-Ни тоа не го планираме, ако се случи, нека се случи. Тогаш веднаш би се венчал, тоа се подразбира, открива Харис.