Има полно трикови за одредување на идеалната лубеница, но за оваа велат дека проверено функционира и е доста едноставна.
Потребно е само да посветите внимание на делот од лубеницата кој често е заобиколен.
Избегнувајте лубеница која има мека кора и бирајте ги оние потешките, а посебно обрнете внимание на бојата на дното.
Овој дел треба да биде во жолта нијанса, бидејќи ако е зелена тогаш лубеницата не е доволно зрела и ќе има вкус на краставица.
Ако е претерано жолта боја, тоа може да биде знак дека е презрела.