Секој човек ја сфаќа среќата на свој посебен начин, но научници од Универзитетот Харвард ја пронашле универзалната формула за сите вистински задоволства на човекот, а во неа не се вклучени материјалните нешта, парите и славата.
Истражувањето траело 80 години, поточно од 1938 година, при што првично е следена здравствената состојба на 268 студенти на Харвард, а подоцна тој број се искачил на 1.300, т.е. опфатени се и потомците на испитаниците.
Анализата на податоците покажува дека главен фактор за среќата имаат односите со другите луѓе, вели авторот на студијата, Роберт Влајдингер.
-Односите со другите, и колку сме задоволни од нив, и тоа како влијае на нашето здравје. Да, важно е да се грижиме за физичкото здравје, но одржувањето здрави односи со луѓето околу нас е уште поважно, смета Влајдингер, додавајќи дека материјалните нешта, парите и славата не се рецепт за среќата.
-Самотијата убива и може да делува негативно врз човекот, како што тоа го чини алкохолот, никотинот и наркотиците, истакнува авторот.