Во топлите денови навистина е тешко да се одлучиме што да облечеме, бидејќи температурата наутро е пониска, додека во текот на денот се зголемува па често се потиме. Поради тоа важно е од каков материјал е облеката која ја носиме.
Доколку сакате да одбегнете непотребно потење и да се чувствувате пријатно одберете ги следните материјали:
Памук
На прво место е памукот кој дозволува слободна циркулација на воздухот помеѓу кожата и околината така што на овој начин телото не се загрева. Одлично ја впива потта и ја штити кожата, па секогаш бирајте памучна облека кога сте во можност.
Ленен материјал
Како памукот, ленениот материјал има голема моќ на впивање. Нема да се лепи за Вашата кожа и нема да Ви пречи додека возите или се движите.
Свила
За оние кои имаат малку поскап вкус, свилата е следна на листата. Таа нема моќ за впивање како памукот и лененото платно, но одлична е за разладување на телото. Лесна е за носење, а Ве советуваме да спиете и на свилена постелнина.
За да го одбегнете топлотниот бран на кожата и да спречите препотување не ги носете следните материјали:
Тексас
Тежок е сам по себе и не дозволува кожата слободно да дише, па носењето на фармерки на работа и не е баш некоја најдобра идеја.
Полиестер
Одличен е, бидејќи не се пегла, но не ја впива потта и може да се чувствувате непријатно кога се потите во јавност.
Сомот
Идеален, но за на зима.
Синтетички материјали
Тие можеби се многу практични, но воопшто не се совршените материјали за на лето, бидејќи на ја впиваат потта и предизвикуваат загревање на телото. Многу спортски брендови го користат поради тоа што е еластичен.
извор:точка