Во Лесковац, Србија, дошло до тепачка помеѓу сватовите откако невестата одлучила да го задржи своето презиме.
Пред двајцата млади да го изговорат судбоносното – да, матичарот ја прашал невестата дали сака да го задржи своето презиме или да го прифати презимето на својот избраник.
Младата, несвојствено за обичаите на југот на Србија, во последен момент се премислила, па рекла дека го задржува своето и го додава презимето на идниот сопруг.
И тогаш во луксузниот лесковачки ресторан на периферијата на градот настанал хаос:
„Ку*во“ – ја навредил некој невестата, која веќе зела пенкало да потпише дека се согласува со венчавката.
Тоа бил гласот на навредениот свекор кој тој ден го женел својот син единец, својот наследник.
„Прво молк во салата, па шум, па караница, и на крај општа тепачка“ – раскажува за Ало еден од музичарите на бендот кој ги забавувал гостите.
Младите, тврди тој, останале прибрани, ги ставиле бурмите, а матичарот на брзина ја завршил церемонијата.
Целата свадба потоа поминала во напната атмосфера, а два до три часа од почетокот на свадбата, истата била прекината кога настанала општа тепачка.
Во лесковачката полиција велат дека не е пријавен инцидент.