Радио Милева

„На крајот само заспа“: Синот на Оливер Драгојевиќ прозборе за последните денови на пејачот

„На крајот само заспа“: Синот на Оливер Драгојевиќ прозборе за последните денови на пејачот

Хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ почина во недела во болницата во Сплит. На пејачот пред една година му беше дијагностицирано рак на белите дробови, а по едногодишно лекување Драгојевиќ ја изгуби битката.

Неговото семејство е неутешно поради смртта на пејачот, а со него биле до последниот момент.

Најстариот син на Оливер, за хрватските медиуми вели дека борбата со болеста била тешка.

„Професорот Врдољак кој го водеше лекувањето на Оливер е најдобар во Европа, но болеста беше посилна. Им благодарам  на сите, тие луѓе имаат тешка работа, изјави Дино Драгојевиќ.

фото: принтскрин

Тој истакна дека семејството било покрај пејчот.

„Беше полошо и полошо, а  на крајот само заспа. Немаше болки, ниту се мачеше. Погребот ќе биде во Вела Лучи бидејќи тоа му беше желба, а ќе има испраќање и во Сплит, изјави синот на пејачот.

Инаку, Оливер ќе остане запамтен по многубројни хитови меѓу кои: „Опрости ми папе“, „Скали нада“, „Надалина“, „Цесарица“, „Молитва за Магдалену“, „Без тебе“, „Вјеруј у љубав“, „А кад ми доѓеш ти“…!

To top