Хороскопски знак, кој е опседнат со детали, има длабоко чувство на хуманост, методолошки пристап кон животот, често е нежен но претпазлив.
Дами и господа, нејзиното Височество Девица.
Девицата како и Бикот и Јарецот е земјен знак, а тие сакаат конзервативни и организирани работи, но и оние кои зависат од нив. Тоа се знаци дека животот им е среден како по книга. Меркур е владејачката планета, па Девиците имаат добро развиено чувство за зборување и пишување, како и останати форми на комуникација. Ова е нивната предност во привлекување на партнери.
Повеќето се импресионирани од нивниот слободен дух и елоквентност што знае да ги занесе и понесе. Меѓутоа овој знак не се заљубува и не се вклопува така лесно со останатите затоа што премногу се сакаат себе си, својот ред и мир.
Девицата знае да ги отфрли другите околу себе со критика.
Девиците повеќе сакаат да имаат неколку стабилни врски отколку многу партнери. Животните партнери ги бира по тоа колку чувствуваат дека им се важни и потребни во нивниот живот. Тие се посветени партнери кои од време на време сакаат предизвици.
извор:канал5