Маја Авдибеговиќ, ќерката на Милиќ Вукашиновиќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан само неколку часа по последната средба со нејзиниот татко и маќеата Сузана.
Милиќ и неговата сопруга неколку дена биле кај Маја во Босна и Херцеговина, а потоа се вратиле во Белград не знаејќи дека ги очекува трагедија.
„До вчера, Сузана и јас седевме со Маја, зборувавме се беше во најдобар ред. Ми вети дека ќе биде нормална и дека нема да се дрогира. Мислев дека се ќе биде добро бидејќи започна некој бизнис со нејзиното момче и планираа да одат на море. Ние се вративме во Белград во вторник вечер, а таа за тоа време умирала во Сарајево. Мене следното утро ми се јавија дека ќерката ми се предозирала. Велат дека починала околку полноќ, изјави Милиќ Вукашиновиќ.
Рокерот објасни дека нејзиното здравје се нарушило кога претходната година Центарот за социјална работа и ги земал децата.
„Ја убиваше тоа децата ги гледаше еднаш неделно.На почеток на јуни се обиде да самоубие. Децата и ги одземаа затоа што имаше проблеми со наркотици. Јас и велев дека се може да се реши и дека ќе и ги вратат децата доколку се откаже од дрогата. Дури и луѓето од Центарот за социјална работа ми рекоа дека децата ќе и бидат вратени доколку се стабилизира, вели Вукашиновиќ.
Тој истакна дека неговата ќерка претходната година се лечила на психијатрија во Сплит, а потоа продолжила да се лечи во Сарајево.