Живот и Стил

Што се го мачи едно тригодишно дете

Што се го мачи едно тригодишно дете

Ако некогаш сте помислиле дека им е лесно на малите деца, погледнете со какви (симпатични) проблеми се соочуваат секој ден!
1. Одиш да земеш шише или чаша млеко и сфаќаш дека од него останала само пена, бидејќи си го испил пред малку.

2. Одиш до садот во кое стои овошјето, бидејќи баш ти се јаде банана. Нема банани, иако вашата мајка ви нуди јаболко, грозје, портокал, не го сакате, туку само банана.

3. Е, ова е вистинско „мачење“: ја испушташ последната риба која ја имаш во аквариумот на подот, а родителите не ти дозволуваат да ја изедеш. Вие не разбирате зошто.

4. Ситуацијата кога ќе ги износиш твоите чевли и сакаш повторно да ги облечеш, но некако не ти оди, воопшто не е лесно.

5. Ти заврши омилениот цртан. Точка.

6. Во средината на играта, батеријата на таблетот / телефонот е празна.

7. Сакаш да продолжиш да играш, но мајка ти вели дека е време за ручек.

8. „Уметничкото дело“ што го наслика со водени бои ти се пресликало на гардеробата.

9. Некои уметнички дела, како оние што се нацртани на ѕидот, може да предизвикаат мама и тато да бидат сериозно лути.

10. Внатрешната опашка на панталоните или палтата толку многу ја „гребе“ твојата кожа што си принуден да ги соблечеш.

11. „Заробен“ си во креветот, а твојата омилена играчка или ќебе ти падна на подот.

12. Се измочка во гаќи затоа што те мрзи да ја прекинеш играта и да одиш до тоалет.

13.Заспа во автомобилот и се будиш во својот кревет, а воопшто не ти е јасно како си дошол тука.14. Не е лесно, дури и кога си лут без причина – и тоа е цел ден!

15. Мама го вклучи телевизорот, а ти сакаше да го сториш тоа сам

16. Сакаш да облечеш жолта кошула, но сфаќаш дека немаш кошула во таа боја.

17. Мразиш да ја чешлаш косата, а мајка ти вели дека треба да го направиш тоа.

18. А, па кога ќе ти каже дека треба да ги делиш своите играчки со другарите.
19. За вечера ти е послужен грашак?!

20. Ноќното светло понекогаш е исклучено во средината на ноќта, а ти се плашиш.

21. Единственото нешто што сакаш е да јадеш бисквит, а твоите родители упорно ти даваат зеленчук.

22. Никој не те разбира што сакаш и зборуваш гласно и јасно (или барем мислиш дека е јасно).

23. Вистинската паника започнува кога сакаш да го притиснеш копчето во лифтот, а некој друг го прави тоа за тебе.

To top