Најдобриот македонски фудбалер и капитен на нашата фудбалска А селекција, Горан Пандев по третпат стана татко, откако сопругата Надица на свет ја донесе ќеркичката Софија, а Филипо и Ана си добија сестричка.
Оваа вест ја објави неговиот клуб Џенова, кој преку „Твитер“ му ја честиташе на својот фудбалер приновата.
Тие први ја објавија среќната информација за зголемувањето на семејството на Горан Пандев, честитајќи му на Горан и на неговата сопруга, а посакувајќи многу идни среќни денови во животот за новоредната Софија.