Живот и Стил

Кои витамини и додатоци во исхраната треба да ги користиме?

Кои витамини и додатоци во исхраната треба да ги користиме?

Суплементите не реагираат исто на сите луѓе и не се потребни секому во еднаква мерка, а меѓу нутриционистите често се води расправа во врска со тоа дали во нашата чинија има доволно храна која може да ги задоволи потребите на организмот, посебно кога станува збор за разни диети. Меѓутоа, постојат минерли и витамини кои се потребни на сите.

Светските дијететичари одговараат кои додатоци во исхраната се најважно и кои посебно се препорачуваат, пишува „Индепендент“.

Витамин Д

Овој е еден од најнеопходните витамини. Се внесува по природен пат, преку сончева светлина и тешко е да апсорбира преку храната. Се препорачува на сите возрасни, вклучувајќи ги трудниците и жените кои дојат, како и деца постари од една година.

Железо

Неговото внесување е многу важно за младите жени за време на циклусот, како и за веганите и вегетаријанците. Вкупно 27 отсто од жените имаат недостаток на железо. Посебно е изразено кај девојчиња меѓу 11 и 18 години.

Витамин Б12

Ова е клучен додаток за веганите, бидејќи главно се наоѓа во животинските производи и во црвеното месо. Важен е за здравиот нервен и имун систем и е потребен за создавање на црвени крвни клетки.

Калциум

Калциумот го има во млечните производи и во зеленчукот. Ниското ниво на калциум во крвата може да се манифестира во симптомите како што се спазам на мускулите, грчеви и тешки случаи како епилепсија.

Фолна киселина

Посебно е важна за трудниците. Таа помага во превенцијата на дефектите на неуронската цевка, како што е спина бифида.

Витамини А и Ц

Се препорачува нивниот внес преку разновидна храна како што е моркови, киви, пиперка.

извор:република

To top