Промотер

„Инструментал бенд“ со „Очи пуне суза“ ќе го освојува Балканот (ВИДЕО)

„Инструментал бенд“ со „Очи пуне суза“ ќе го освојува Балканот (ВИДЕО)

Македонската музичка група „Инструментал Бенд“ ја пушти во етер својата најнова песна насловена како „Очи пунесуза“ заедно со видеозапис на популарниот Јутјуб канал ВејвМјузикТв.

Зад песната „Очи пунесуза“ како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува веќе докажаниот автор на бројни хитови – Драган Арсенијевиќ Наполеон. Зад техничките делови стојатБогдан Стојиљковиќ (Снимање, миксање и мастер) и Александар Сувајџиќ (едитирање). Пратечките вокали ги пеат Катарина Петриќ, Драган Арсенијевиќ Наполеони Жарко Стојкоски. Комплетниот аудио материјал е снимен во студиото „Музичко атеље креативен звук“.

Во спотот во главната улога се појавува учесникот на реалното шоу „Парови“ и гитарист во бендот, Никола Стојановски. Тој на себе има специјална боја за тело која доловува посебен ефект и целосно ја истакнува неговата фигура, а во круг околу него танцуваат згодни манекенки од Белград. Оригиналната приказна за видеото кое претставува и краток филм е на „NloFlow Videos“, а снимено е во врвното филмско студио на Ај-Ди-Џеј Видеос.

Како изгледа комплетно новиот производ на „Инструментал Бенд“, погледнете во продолжение.

To top