Радио Милева

Марјан Коцев и сопругата прославија осум години брак, а еве како изгледаа на венчавката! (фото)

Марјан Коцев и сопругата прославија осум години брак, а еве како изгледаа на венчавката! (фото)

Македонскиот пејач Марјан Коцев е во брак со сопругата Биљана со која неодамна прославија осум години брак. Тие се запознале на една свадба каде  што пеел пејачот,  а неговата сопруга била гостинка.

По една година врска, Марјан и Биљана ја крунисале љубовта со брак.

Пред два дена тие прославија осум години како се во брачните води, а пејачот на својот профил сподели фотографија од свадбата и се пофали дека на 17.07.2010 година тие ставиле потпис и официјално станле сопруг и сопруга.

Еве како изгледале на нивниот важен ден кога го кажале судбоносното „да“.

Инаку, младиот пар ја има ќерката Дуња, а во октомври ќе станат родители на второто дете.

фото: Фејсбук

To top