Кога беше прогласена за најубава во светот, имаше повеќе фанови отколку што имаше Џастин Бибер на почетокот од својата кариера. Денес на нејзиниот Инстаграм профил ја следат повеќе од 460.000 фанови.
Пред точно една година официјално најубавото девојче на светот им ги разнежни срцата на сите.
Тогаш 5-годишната Русинка Анастасија Књазева ја смени на тронот нејзината сонародничка Кристина Пименова. Денес преубавото девојче е една година постара и слободно можеме да кажеме и поубава.
Убавицата со продорно сини очи може и да се пофали со успешна кариера на модел, со оглед на тоа дека таа денес е заштитно лице на многу компании и брендови…
Како што можете да видите на фотографиите од нејзиниот Инстаграм профил, Анастасија изглед како кукла, а сите кои работат со неа тврдат дека пред камерата таа е многу природна и позира како да има 25 , а не само 6 години. Затоа веќе сега многумина и ја нарекуваат чудо од дете.