Живот и Стил

Посна бајадера: Неверојатен десерт готов за 20 минути

Посна бајадера: Неверојатен десерт готов за 20 минути

Зошто да се откажете од вашиот омилен десерт за време на пост кога за тоа нема потреба. Како да приготвите посна бајадера и да уживате во нејзиниот неодолив вкус. Едноставно, вкусно и брзо. Три во едно уживање.Потребни состојки:

200 грама посни бисквити

200 грама мелени ореви

200 грама маргарин

200 грама чоколадо за готвење

200 грама шеќер во прав

Подготовка:

Маргаринот стопете го на собна температура и со миксерот добро измешајте. Потоа додајте ги мелените бисквити и ореви. Поделете ги на два дела и во едниот додајте го стопеното чоколадо и мешајте додека не се добро соединат.

Во тепсија ставете фолија, па ставете ја темната смеса и убаво израмнете, а потоа додадете ја и светлата смеса. Ставете во фрижидер да стои 2часа.

To top