Харизматична, темпераментна, впечатлива… се само некои од карактеристиките кои би ја опишале поранешната ТВ водителка, а сегашна фитнес инструкторка Снеже Велков.
Кога е работата во прашање, синооката Снеже секогаш е отворена за да сподели детали со јавноста, но кога станува збор за приватноста, таа припаѓа во познатите личности кои се резервирани по оваа тема.
Снеже практикува да ги полни профилите на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, но најчесто со фотографии од салата за вежбање или пак такви од приготвените домашни кулинарски остварувања.
Деновиве на нејзиниот профил осамна една селфи фотографија, но во кадар и упаднаа нејзините две синчиња Дарин и Ален ама делумно, бидејќи мама не сака да ги покажува на социјалните мрежи.
Во една прилика за порталот „Женски магазин“ таа изјави:
-Дарин има шест години и прваче, Ален има 11 и е во шесто одделение. Различни се во изглед и во карактер. Едниот е со кафени очи и кафена коса на тато, а малиот руса коса и сини очи на мама. Ален е по науката, Дарин по механиката. На сите заедничка ни е желбата за патување. Само да сме во кола и на шетање. Уживаме и се смееме секогаш“, вели Снеже за своето семејство за „Женски магазин“.
Инаку, Снеже Велков со сопругот Дарко, таа е во брак од 2006 година.