Вечер е, а Вие нетрпеливо ги облекувате омилените фармерки. Но, постои само еден мал проблем – вашиот стомак е толку подуен што тешко ги закопчувате фармерките. Дали ви звучи познато?
Еве неколку совети кои ќе ја спречат подуеноста и ќе ве ослободат од тежината во стомакот:
- Конзумирајте храна која е богата со калиум
Овој минерал ќе ги регулира течностите во вашето тело. Храна богата со калиум е: банана, диња, манго, спанаќ, домати, ореви и аспарагус.
- Без јаглени хидрати во вечерните часови
Скробот доведува до подуеност. Избегнувајте јадење леб и тестенини во вечерните часови, бидејќи тие можат да направат вашето тело да ја задржува водата.
- Без газирани пијалоци
Меурчињата во газираните пијалаци ќе предизвикаат отекување на стомакот. Најдобро е да пиете вода или домашни сокови.
- Без вештачки засладувачи
Организмот на некои луѓе тешко ги вари вештачките засладувачи како што е сорбитолот кој е содржан во многу слатки задоволства и гуми за џвакање. Сорбитолот може да предизвика гасови, па дури и дијареа.
- Оние денови од месецот
Ако вашиот стомак се дува пред и за време на циклус, зголемете го внесот на калциум – 1.200 mg дневно и магнезиум – 200-400 mg на ден. Двете хранливи материи се покажале дека ги ублажуваат симптомите на ПМС.
- Не избегнувајте магдонос
Додадете свеж магдонос во вашето јадење и уживајте во рамниот стомак