Во престојните топли денови освежете се со идеално избалансираниот освежителен пијалок
Одлична идеа за вкусен и освежителен летен пијалок, а притоа е и многу здрав. Најважно е дека овој едноставен напиток не содржи никакви вештачки супстанции, така што не треба да размислувате за тоа како ќе влијае на вашето здравје.
Состојки:
- 2 l вода
- 1 лимон
- 1 краставица
- 10 ливчиња нане
Состојките исецкајте ги на парчиња, налејте ја водата во голем бокал и додадете ги состојките. Пијалокот треба да одстои во фрижидер.
Погледнете го видеото каде е демонстрирана едноставноста за подготовка на пијалокот.