Катарина Заруцки е 19-годишна студентка која се занимава со манекенство од своја 14 година. Таа обожува да патува, а на својот Инстаграм профил споделува совети за здрав живот и мода, каде будно ја следат повеќе од 13.000 следбеници.
Пред околу еден месец беше на Бахамите со момчето, а таму воочила морски кучиња со кои веднаш посакала да плива, со оглед на тоа дека тој тренд го имала забележано на Инстаграм неколку пати.
Пливањето со морски кучиња е безопасно за луѓето, пишува на страната Exuma Online, која го нуди тоа искуство како единствена прилика во животот. Катарина не сакала да ја пропушти приликата, иако семејството на нејзиното момче било скептично.
Влегла во водата, а многу брзо морското куче ја гризнало за раката и ја повлече под вода. Катарина вели дека останала смирена и брзо ја извлекла раката од водата со цел крвта да не ги привлече и останатите кучиња.
Таа рекла дека била исплашена, но дека знаела дека мора да се смири доколку сака безбедно да излезе од вода. Кога излегла од водата била благодарна за морското куче што ја гризнало само за рака.
-Среќна сум што сè уште ја имам раката, рекла таа.
За инцидентот Катарина ја извести јавноста во понеделникот, но беше мета на низа негативни коментари, па го деактивирала својот Инстаграм профил. Поради несреќата морала да прима антибиотици.
Вели дека морските кучиња не направиле ништо лошо. „Тие се диви животни”, вели таа и додава дека тоа било голема лекција за неа.
-Им препорачувам на луѓето да бидат внимателни. Во нивниот дом сте, заклучи Катарина.