Радио Милева баба и дедо

Росана и Трупче добија внуче: Ќерка им Ивана роди машко дете! (ФОТО)

Росана и Трупче добија внуче: Ќерка им Ивана роди машко дете! (ФОТО)

Македонската пејачка Росана Сариќ – Тодоровска и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче станаа баба и дедо на машко внуче.

Нивната ќерка Ивана која минатата година стапи во брак со Англичанецот Џејмс Холт  стана мајка на здраво машко чедо, а за синчето одбраа за македонски прилики, необично име. Имено, синот ќе носу библиско име и ќе се вика Ноа.

Инаку, ќерка и Ивана и зетот Џејмс лани го кажаа судбоносното „да“ , а денес, ќерката на Росана и Ѓорги Тодоровски донесе на свет здраво машко бебе. Возбудата во двете семејства е огромна, откако Бог им ја донесе најголемата радост и ги дарува со машко чедо. Росана дури и не ги крие солзите – радосници:

„Се чувствувам прекрасно. Измешани чувства. Бог ми ја одзеде душата моја, брат ми, но ми донесе нова душичка. Си плачам“ – искрено ќе изјави  за „Женски Магазин“ некогаш,познатата македонска пејачка, која по повлекувањето од естрадната сцена работи како продавачка во продавницата на „Стружанка“ сместена во сутеренот во ГТЦ.

Инаку ова е прво внуче на познатата музичко- актерка двојка. Информациите велат дека породувањето минало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат одлично.

Ивана се породила во една позната скопска приватна клиника, а таткото Џејмс и дедо Трупче  се најсреќните мажи на светот. мекиците, секско зе неизоставен дел од споделувањето на радоста со семејството, роднините, колегите и пријателите.

To top