Живот и Стил

Како до здрава и добро испеглана коса

Како до здрава и добро испеглана коса

Добро исправената (испеглана) коса, е уредна, сјајна и здрава, а истовремено ги истакнува и цртите на вашето лице…

И покрај тоа што изложувањето на косата на високи температури може да резултира со нејзино сушење и трајно оштетување, негативните ефекти можат да бидат елиминирани или сведени на минимум со правилно користење на пеглата за коса и неколку трикови кои ќе ги откриеме:

Правилно подесување на температурата

Пеглите за коса развиваат температува повисока и од 260 степени целзиусови. Истата е тотално излишна. Доколку имате тенка коса пеглајте со температура од 90 до 150 степени, ако вашата коса е покрута и потешка за обликување засилете од 150 до 170 степени. Ништо повеќе од тоа!

Користете соодветна заштита

Пред користење на пеглата испрскајте ја косата со спреј за заштита од високи температури. Вака оштетувањето ќе го сведете на минимум.

Повторување на прамени

НИКАКО! Почекајте пеглата да ја развие соодветната температура па почнете да ја користите. Еден прамен пеглајте го само еднаш, евентуално два пати со последното дотерување на косата за сјаен финиш.

Подгответе ја косата за стресот кој и претстои

Пред пеглањето на косата, нанесете маска за заштита на суви врвови или маска за длабока хидратација. Препорачливо е да ја почестите косата со некое масло кое ќе и’ го врати сјајот и ќе надомести за претрпениот стрес.

Одвојте време

Никогаш немојте да ја пеглата косата за колку да се рече дека е испеглана. Одкако добро ќе ја исушите, расчешлајте ја и поделете ја на 3 до 5 дела, во зависност од густината. Пеглајте дел по дел.

Обидете се пеглањето на косата да не стане еден од вашите секојдневни ритуали како би и дале време на косата да се регенерира од претходниот третман и останатите штетни надворешни влијанија.

To top