Промотер

Дунавка е главна во „Главен град на тагата“ на Владо Јаневски (ВИДЕО)

Дунавка е главна во „Главен град на тагата“ на Владо Јаневски (ВИДЕО)

Македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски деновиве, пото чно 05.јули, го промовираше спотот за неговата актуелна песна насловена „Главен град на тагата“, авторско дело на Владо, во аранжман на Роберт Билбилов и продукција на Дарко Димитров. Иако песната беше пуштена во радиоетерот уште кон крајот на месец март годинава, дури сега Јаневски реши да и го продолжи животот, освежувајќи ја истата со видеоспот.

Овој пат наместо балада, станува збор за песна со побрз ритам, во веќе препознатливиот стил на Јаневски. „Не ги затворај очите, без нив јас не знам во што да гледам. Некогаш во ноќите ѓавол ме зема, а тебе те нема да ми наполниш душа и да ми ја исцедиш снагата. Кога далеку си мене срцето ми е главен град на тагата“, пее тој во новиот сингл, за кој видеото го изработи „Томато“ продукција, а истотот е снимен на неколку различни локации во Скопје.

Владо останал доследен на својата традиција да не се појавува во своите видеа, па во отсуство на неговиот лик, покрај  двете анонимни девојки, главната улога ја има македонската мисица и модел, контроверзната Дунавка Трифуновска…

…која на моменти со своето провокативно издание му дава доза на еротски шмек на видеото.

Во очекување на концертните настапи на Владо Јаневски, како што се на 2 август во Античкиот театар во Охрид, на 17 август во Струмица со бендот во рамките на Струмица опен, на 24 август на Широк сокак во Битола, и секако на есен во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, погледнете го в идеото за „Главен град на тагата“, во продолжение.

To top