Фолк пејачката Татјана Лазаревска заедно со семејството пред неколку недели се врати во родната Македонија.
Пејачката нема многу време за посета на роднини и пријатели, туку веднаш откако ги распакува куферите од Австралија, се фрли на работа.
Прво замина на средување, на козметичар и легна да направи разни третмани, од маски на лице, масажи, педикир, маникир, шминка, за на крај кога се погледна во огледало, да не личи на себе.
Поразлична и освежена Тања премина во акција.
Направи фотосесија, па тргна на настапи, од такви во ресторани и свадбени прослави.
Дека престојот на домашен терен и тоа како и прилега и годи е очигледно.