Мегафон Насмеан и расположен

(ВИДЕО) Вака изгледаше Влатко на снимањето на последното интервју пред смртта!

(ВИДЕО) Вака изгледаше Влатко на снимањето на последното интервју пред смртта!

Македонскиот пејач Влатко Илеивски во петокот беше пронајден мртов во неговиот автомобил „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“.

На неговото тело не биле пронајдени траги од насилство, а причината за неговата смрт се истражува.

Неговивте колеги, пријатели изразија сочуство до најблиските на пејачот, а Влатко вчера беше погребан на гробиштата во Ѓорче Петров.

Последен поздрав му дадоа неговите колеги меѓу кои Сашко Коцев, Мартин и Драган Вучиќ, Марјана Станојковска, Дани Димитровска, Сања Николиќ и Слаткар…

Влатко неколку дена пред смртта давал интервју за „1ТВ“, а на интервјуто пристигнал насмеан и расположен.

Еве како изгледа најавата за необјавеното интервју, кое денес ќе може да го погледнете „1ТВ“ во 17часот.

To top