Еден од хранливите материи кои ги содржи лубеницата е витаминот Ц, кој се наоѓа во изобилство. Лубеницата може да го намали ризикот од појава на астма, но исто така го намалува и крвниот притисок кај средовековните луѓе со прекумерена тежина.
Истражувањата покажуваат дека лубеницата го подобрува работењето на артериите. Големото количество вода и влакна, помагаат во варењето на храната.
Лубеницата е фантастична за човековата кожа бидејќи содржи витамин А – хранлива материја која ја навлажнува кожата. Овој витамин е потребен и за растењето на сите ткива, вклучувајќи ги и кожата и косата.
Се препорачува на луѓето кои имаат проблеми со бубрезите, бидејќи е одличен чистач на токсините. Оние кои се на диета и сакаат да одржуваат линија, може да ја јадат во неограничени количини.