Децата учат низ играта и ова е најдобар начин да го задржите нивното внимание
Сигурно ви се случило со залажување да го смирите бебето и тоа веќе да не плаче, или сте им измамиле насмевка така што очите ќе ги покриете со дланките или сте се сокриле и потоа сте излегле пред него.
Задоволството на децата се изразува со насмевка и гласен крик. Истото се случува кога подоцна почнувате да им ги криете предметите и тие истите ги бараат, што е многу корисно за нивниот ментален развој.
Швајцарскиот психолог Жан Пјаже ова го нарекол „принцип на перманентност на објектот” кој им помага на децата да сфатат дека нештата можат да бидат на место, иако не ги гледаме таму. Тие имаат очекување и изненадување за време на сокривањето, а преку оваа игра тие добиваат нови способности.
Малите деца едвај чекаат да го пронајдат предметот кој е сокриен, а потоа тие учат да го препознаат и контролираат она што го гледаат.