Живот и Стил

Несфатена исповед: „Потроши 20 илјади долари на проститутки и кокаин, но нема да го оставам“

Несфатена исповед: „Потроши 20 илјади долари на проститутки и кокаин, но нема да го оставам“

На еден портал се појави шокантна исповед на жена од Австралија чиј маж е прељубник и зависник од кокаин.

Сепак таа нема да го остави. Ова е нејзината приказна:

Грег и јас се запознавме на состанок на слепо. Тоа беше шест месеци откако го напуштив сопругот со кој бев во брак 10 години. Грег бил во брак 20 години. Пред да се бакнеме, му кажав дека прифаќа само моногамна врска, дека тоа ми е број еден.

Грег кажа дека никогаш не ја изневерил својата жена и ми вети дека нема ни мене. Нашиот прв бакнеж беше магичен. Беше зависник од дрога и се досели во мојот град за да се излечи. Во тоа време не знаев ништо за неговата зависност, но паднав на него и мислев дека можам да се носам со тоа.

Ми требаа две години да сфатам како една зависност може да води кон друга.

Овие денови Грег користи кокаин 2-3 пати неделно. Некогаш земал 7 грама дневно, па мисли дека ова сега не е проблем.

Открив дек Грег спие со проститутки кога го посетив Сиднеј, каде го поминуваше времето со своите деца. Почувствував дека нешто не е во ред кога слетав.

Потоа, кога не ме зема од аеродромот и не ми одговараше на повиците, почнав да паничам. Кога се појавив кај него станот, Грег беше целиот несреден, онесвестен во креветот. На телефонот имаше порака во која пишуваше „драги, те молам побарај ме“. Се јавив на бројот и жената призна дека е проститутка која ги бара своите пари.

Мислев дека тоа се случило неколку пати додека бил под влијание на дрога. Ми вети дека ќе се промени. Но едно утро после тоа се разбудив со желба да му ја погледнам банкарската сметка.

Открив дека за три месеци потрошил 20 илјади австралиски долари на проститутки кои ги плаќал во текот на службените патувања.

Чувствував апсолутен шок, вознемиреност и разочарување затоа што ме лажел. Но во мозокот на Грег тоа беа само платежни трансакции, немало ни збор за чувства, поради што и не го сметал за некој пробелм.

Грег беше добар неколку месеци и тогаш отидовме на Тајланд како би ја обновиле нашата врска. Посака да остане шест недели, но можев само три. Беше добар одмор и ме бараше секој ден откако си заминав.

Но, уште еднаш едноставно почувствував дека нешто не е во ред. Кога дојде дома, го погледнав неговиот телефон и пронајдов фотографија од девојка. Направена само ден откако заминав.

Зошто останувам?

Затоа што апсолутно го обожавам тој маж и поврзани сме. Животот е збркан. Имам 42 години и ако го напуштам и запознаа м некој друг, ќе настане само нов проблем. Тој е така забавен и во толку погледи од него учам. Поточно среќна сум со него во својот живот.

Еден ден, кога не беше дома, без предупредување ги спакував куфери и се отселив. И повторно успеа да ме освои.

Можеби едноставно знае дека толку пари да може да ме купи. Сакам да го задржам нашиот животен стил- да се внимава на мене и да имаме пари. Сега можеме да си дозволиме одмор и да бидеме во добри хотели. А кога сте во 40-тите, нема веќе ни толку избор. Еднаш користев Тиндер како би шпиунирала Грег и тоа е одвратно, вели таа и наведува дека веќе не го проверува.

To top