Живот и Стил

(ФОТО) Обратното бикини е новиот хит на плажите – би се ослемиле ли да го носите?

(ФОТО) Обратното бикини е новиот хит на плажите – би се ослемиле ли да го носите?

Најновиот хит меѓу убавиците на Инстаграм е „обратно бикини“, а штом ќе погледнете како изгледа и како им стои, сè ќе ви биде јасно.

Многу жени велат дека во ова бикини градите изгледаат поголеми, а има и такви кои се жалат и велат дека се работи за непрактичен тренд, кој е добар само за фотографирање, бидејќи нема потпора или прерамка за градите. Трендот го започнала италијанската манекенка Валентина Фрадеграда.

A post shared by ♠️UPSIDEDOWN BIKINI OFFICIAL♠️ (@upsidedownbikini_official) on


Станува збор за врзување на горниот дел од бикинито на градите, што открива многу повеќе од обичните бикини, но и визуелно остава впечаток на поголеми гради. Но, исто така постои и многу голем ризик од несакани испади.

Сепак, судејќи според Инстаграм, блогерките одлучиле да ги занемарат негативните страни на „обратното бикини“ , а нема сомнеж дека ова лето често ќе го гледаме на плажите.

 

 

To top