Не постои „нормална“ вагина е заклучокот до кој се дошло во најголемата студија направена досега на тема „Вагина и нејзините димензии“. Швајцарските истражувачи мереле внатршени и надворешни делови, клиторис, вагинален отвор и перинеум на 659 жени на возраст од 15 до 84 години. Но, бидејќи имало многу варијации во секоја категоија, истажувачите заклучиле: Не постои „нормална“ вагина.
Ако треба да кажат некоја просечна величина, во тој просек нема да бидат вклучени повеќето од жените. Истражувањето на кантоналната болница во Луцерн утврдило дека просечна длабочина на внатрешниот дел е 43 милиметри, но длабочината се движи од пет до 100 милиметри.
Просечната длабочина на надроврешниот дел изнесувала 80 милиметри, но со истражувањето се измерени од 12 до 180 милиметри. Просечната широчина на клиторисот била пет милиметри, но таа се движи од еден милиметар до 22 милиметри.
Се заклучува дека нема стандарди, што се однесува до димензиите на вагините.