Живот и Стил

Коктел што не смеете да го пропуштите ова лето

Коктел што не смеете да го пропуштите ова лето

Пробајте го овој коктел што е сличен на Мохито, но е многу полесен и поосвежителен.

Потребни состојки:
  • 100 милилитри пенливо вино
  • 150 милилитри минерална вода
  • 1-2 лажички сируп од бозел
  • 2-3 листови нане
  • 1 лимета, исцедена
  • Лед
Начин на подготовка:

Во голема винска чаша, најпрво ставете го ледот, а потоа исечкајте ги ситни парчиња ливчињата нане и додајте ги над ледот. Сипете го виното, па минералната вода и сирупот од бозел. За крај, додајте и сок од лимета.

To top