Радио Милева

Огромна сума: Еве колку треба да плати Дарко Лазиќ за Ана да го напушти станот

Огромна сума: Еве колку треба да плати Дарко Лазиќ за Ана да го напушти станот

Пејачот Дарко Лазиќ неодамна се разведе од сопругата, пејачката и водителката Ана Севиќ.

Дарко не сака да го продаде станот кој го купиле со Ана во текот на бракот, туку планира да плати 150 000 евра како би го исплатил делот кој и припаѓа на Ана, пренесува „Ало“.

Имено, пејачот сака да го задржи станот во кој имал среќен семеен живот со Ана и ќерката Лорена.

фото:принтскрин/јутуб

„Кога Ана и Дарко го купија станот веруваа дека тоа ќе биде нивно гнездо каде ќе создаваат семејство. На Дарко не му беше проблем да плати 300 000 евра бидејќи сакаше неговото семејство да се чувствува најдобро, изјави за „Ало“ извор близок на поранешниот пар и додаде дека Лазиќ исто така вложил многу пари за да го уреди станот.

фото:србијаданас

„Дарко потроши мало богатство за да Ана го уреди домот по нејзин вкус. Мебелот го порачаа од странство, а многу работи донесоа и од заедничките патувања. Имаат лоши спомени од станот, иако размислуваа да го продадат и да ги поделат парите, Дарко се предомисли и одлучи да не го продава, вели изворот.

Изворот истакна дека Дарко или настапува или оди во неговиот роден крај. Но, кога е во  Белград оди во неговиот стан кој го доби од „Гранд“,  но тоа ќе се промени кога Ана ќе се напушти станот.

To top