Живот и Стил

Еве зошто лежењето на душек во вода може да биде опасно?

Еве зошто лежењето на душек во вода може да биде опасно?

Неверојатна приказна за 55-годишна Русинка која лежела на душек за вода и исчезнала. Пронајдена е 20 часа подоцна.

Жената била на одмор со своето семејство во Ретимно, а видена е последен пат вчера во 15 часот како го зема душекот за вода од базенот тргнува кон плажа.

Оттогаш и се губи секој трага, а на плажата пронајден е само нејзиниот пешкир и личните работи.

Сопругот и ќерката ја известиле крајбрежната стража за нејзиното исчезнување, која веднаш покренала потрага. Потрагата била отежната поради тоа што никој не ја видел да влезе во вода, па не знаеле дали да ја бараат на копно или во море.

Дури денеска, нешто пред 11:30 надлежните објавиле дека ја нашле на шест до седум натички милји подалеку, односно на отворено море близу Скалета, а ја забележал еден пилот.

Жената била пронајдена во исцрпувачка состојба и агонија дали некој ќе ја забележи. Поминала 20 часа без вода лежејќи на душек, а освен хипотермија, била во добра здравствена состојба.

Не е познато како исчезнала, но се верува оти заспала на душекот.

To top