Често се вели дека ранобудниците ќе го освојат светот, а многу истражувања го потврдуваат овој исказ. Но, за да имате убав и успешен живот не треба само да се разбудите рано, туку мора да се ставите во позитивно расположение за да бидете продуктивни во текот на денот.
Нема ништо да постигнете доколку го наместите алармот многу рано наутро, за кога ќе се разбудите да го земете телефонот во раце и да скролате еден час пред да тргнете на работа. За да го започнете денот како што треба, потребно е да развиете добри навики.
Во продолжение ќе споделиме со вас шест корисни утрински ритуали кои на почетокот можеби ќе ви биде тешко да ги правите, но откако ќе се навикнете ќе видите дека тие ќе ви бидат од голема корист во иднина.
Направете план пред да заспиете
Ова не е рутина која треба да ја направите откако ќе се разбудите, туку пред да заспиете. Важноста на правењето план за утрешниот ден е голема, поради тоа што така ќе останете организирани и пресметани. Во планот вметнете сѐ што мислите дека ќе ви биде потребно, проверете дали оброкот за утре ви е подготвен и направете мал распоред со работите кои треба да ги направите во текот на денот.
Разбудете се многу рано наутро
Во истражување во кое учествуваа 20 директори на големи компании, 18 од нив велат дека стануваат многу рано, пред 06:00 часот наутро. На пример, извршниот директор на Disney Боб Ајгер станува во 04:30 за да чита, додека извршниот директор на Twitter Џек Дорси станува во 05:30 за да џогира. Можеби звучи одбивно, но станувањето многу рано натро ќе направи да ви изглеа дека деновите се огромни, па со тоа ќе имате време за повеќе обврски.
Започнете го денот со вежбање
Вежбањето веднаш по станување од кревет изгледа напорно, но всушност утрото е најдоброто време за вежбање. Со тоа што ќе го започнете денот со вежбање, го избегнувате ризикот дека ќе заборавите да вежбате во текот на денот. Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го започнува секој ден со лесни вежби и кардио тренинг. Ако успешните луѓе имаат време да вежбаат наутро, ќе најдете и вие.
Извршете ги приоритетните обврски
Утрото може да биде одличен период за работа бидејќи нема да имате големи пречки и ќе можете да ги завршите сите обврски на мира. Извршувањето на обврските со висок приоритет наутро е добро поради уште една причина – тие ќе ви го одземат вниманието пред некој друг да го направи тоа.
Работете на споредните проекти
Да речеме дека пишувате книга, или пак имате некој проект кој сакате да го завршите но едноставно немате време преку ден. Пробајте да му посветите внимание на овој проект наутро, пред сите да почнат со денот. Ако успеете да ја стекнете навиката на станување рано за да работите на нешто што го сакате, тогаш задачата за комплетирање ќе ви изгледа многу полесна.
Уживајте во тишината
Животот може да биде луд и непредвидлив. Често е многу тешко да се најде простор и време за размислување на ништо посебно. Затоа, резервирајте го утрото за тишина. Оставете го телефонот, затворете го лаптопот и уживајте во тишината барем десетина минути. Одморете го мозокот пред напорниот работен ден. Верувајте, ќе ви годи повеќе отколку што мислите.