Судејќи по стереотипите, девојките и сопругите на славните фудбалери немаат свои професии и приходи, а нивните талентирани и богати партнери се трудат да ги исполнат сите нивни желби. Најголем дел од ова елитно друштво на девојки и сопруги на фудбалери (WAG) се поранешни манекенки кои престанале да работат откако влегле во сериозна врска со славни фудбалери или се омажиле за него.
Со оглед на тоа дека фудбалерите од светски ранг заработуваат баснословни суми, овие дами не мора ни да внимаваат колку трошат, па многумина би рекле дека работата им е да бидат убави и стрпливи.
Сепак, некои од најпознатите фудбалери на денешницата за свои животни партнерки избраа успешни жени кои и самите имаат кариери и заработуваат повеќе од доволно за да си ги исполнат самите желбите за шопинг.
Најпозната од сите нив секако е Викторија Бекам, која на почетокот на врската со Дејвид Бекам беше во екот на славата со „Спајс грлс“ и беше побогата од него. Бекам заработи милиони, но Викторија секогаш заработувала куп пари, прво како музичарка, а потоа како модна дизајнерка и бизнисменка.
Хелена Зегер, партнерката на Златан Ибрахимовиќ, со години е во високите бизнис кругови каде важи за вистинска алфа лавица. Хелена е постара од Ибра 11 години, а според многумина, финансискиот успех на Ибрахимовиќ надвор од теренот пред сѐ се должи на бизнис стратегијата и умешноста на неговата избраничка која знае каде треба да се вложуваат заработените пари.