Македонската поп пејачка Елена Миленковска се проба во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што остави многу добар впечаток, па членовите на жирито и самиот директор истакнаа дека таа е најдобриот пејач од Македонија и целосен пакет за некој што треба да биде „Ѕвезда на Гранд“.
Покрај сите пофалби и комплименти, Елена не стигна многу далеку, туку испадна уште во вториот круг. Можеби македонската пејачка ќе се одлучи да се проба повторно во новата сезона на музичкото шоу која почнува во септември.
Додека тоа да се случи, Меленковска ужива во летните денови недалеку од Македонија. Имено, пејачката е на одмор на југ, а на социјалните мрежи сподели како си поминува.
Прво, сподели фтогорафија на која е свртена со грб, па го покажа својот атрибут.
Потоа, сподели фотографија како се капе во морето и го покажа бујното деколте.
Меѓутоа, тоа не е се. Елена на Инстаграм сподели фотографија на која разменува нежности со нејзиниото момче кое е од Солун.