Живот и Стил

Зошто не треба да пиете вода која ноќта престојала во чаша?

Зошто не треба да пиете вода која ноќта престојала во чаша?
Дали сте забележале дека водата откако ќе отстои неколку часа во чаша добива чуден вкус? Дали тоа значи дека е расипана или е можеби во прашање нешто друго?

Обичната вода, за разлика од храната, не содржи шеќери, ниту белковини, па токму затоа е полесно да биде загадена со микроорганизми. За необичниот вкус на водата која што стоела преку ноќ во чаша, постои и научно објаснување.

Всушност, бидејќи водата била изложена на воздух, таа впила малку јаглероден диоксид, а дел од него се претворил во карбонска киселина. Тоа значи дека таа го променила својот хемиски состав, пишува Discovery News.

Кога карбонската киселина ќе отпушти еден или два протона и ќе се претвори во бикарбонат или карбонат, тоа ја намалува pH вредноста на водата, поради што таа го менува својот вкус.

Освен тоа, водата која што стоела во чаша неколку часа, била изложена и на бактерии, а во неа завршилo и одреденo количество на прашина. Тоа не значи дека водата се расипала, но според сето ова што го наведуваме, следниот пат добро размислете пред да се напиете отстоена вода или сепак ќе си налеете свежа.

извор:попара.мк

To top