Српската поп-фолк дива Јелена Карлеуша на себесвојствен и необичен начин, преку социјалните мрежи ја поддржа фудбалската репрезентација на Србија, во чии редови на СП во Русија игра и нејзиниот сопруг, дефанзивецот Душко Тошиќ.
Карлеуша се разголе, па своето тело го обои во боите на знамето на Србија!
Така разголена и обоена таа зема вистинско знаме в раце, па направи неколку еротско-патриотски фотографии и видео, кои ги постираше на својот Инстаграм профил.
Патем, Карлеуша и одговори на албанската пејачка Дуа Липа која на својот Инстаграм профил пак, постираше фото од непристојната и провоцирачка прослава на Албанците Џака и Шаќири кои играат за Швајцарија, кои ги постигнаа двата гола во победата над Србија со 2:1.
Имено, Карлеуша и реплицираше на „колешката“ со стаус на Твитер: „Оваа Дуа Липа изгледа е сериозна будала!?“